Суртсеј – вулкански остров со недопрена природа и ограничен пристап на луѓе

Суртсеј е вулкански остров во Атлантскиот океан кој се наоѓа 30 километри од Исланд. Создаден е по голема ерупција во 1963-та година која започнала на длабочина од 130 метри.

Ерупцијата траела 3 години, а до 1967 година е создаден остров со површина од 2.7 квадратни километри.
Ерозијата на тлото и силните ветрови на северот во Европа со текот на времето ја намалиле неговата површина на околу 1.3 квадратни километри, но не и интересот на научниците за мистериозното подрачје.
УНЕСКО го заштитил островот и го ставил на својата листа, а пристап добиле само одбрани ботаничари, биолози и вулканолози. Главна задача им била да проучат како настанува екосистем без човечко влијание.
Лишаите се едни од првите видови на билки кои почнале да растат на овој остров, а многу набрзо почнале да се доселуваат тенкоклуни пингвини.
Денес тука растат 70 билни врсти, а на островот живеат инсекти, птици и фоки.
На островот се наоѓа само една куќа во која спијат научниците кои ги проучуваат промените на Суртсеј. Пред да стапнат на островот, сите научниците темелно се претресуваат во случај да не би пренеле некое семе кое би можело да го промени природниот екосистем.
Наспроти големите мерки на претпазливост, на островот израснала голема билка домат, која ги изненадила научниците. Или па тоа било се додека еден научник не признал дека направил голема нужда на забрането место на плодното вулканско тло по конзумација на таа намирница.
Билката е веднаш отргната, а зголемен е и надзорот на активностите на научниците на кои им е дозволен престој на островот.




Коментари

коментари