Сваровски ја направи чевличката на Пепелашка

Производителот на луксузни предмети од кристали, Swarovski, соработуваше со компанијата Дизни, а резултатот од соработката е како од бајка. Станува збор за нешто што ќе биде во центарот на вниманието на премиерата на долгоочекуваниот филм Пепелашка.
Освен декорацијата на фустани, накит, аксесоари и други предмети, тие дизајнираа и еден предмет кој е главен протагонист меѓу сите нив – стаклена чевличка. Компанијата Swarovski соработуваше со Сенди Пауел, наградувана костимографка, а чевличката е направена од вистински кристал. Креирањето на чевличката траело 150 часа, а на нејзиното креирање и дизајнирање работеле 8 луѓе.

Надја Сваровски од брендот Swarovski рекла дека се воодушевени и почестени што соработувале со Сенди, односно со дизајнерскиот гениј чија уметност, во комбинација со беспрекорниото чувство за детали, резултира со најубавите костими кои на секој проект му даваат нешто магично.

Компанијата Swarovski обезбедила 1.7 милиони кристали за овој проект. Помеѓу останатото, тие го красат и преубавиот син фустан на Пепелашка, фустанот на нејзината добра вила и нејзиното волшебно стапче, како и фустанот на лошата маќеа. Во филмот, Пепелашка ја игра Лили Џејмс, додека во улогата на добрата вила се најде Хелена Бонам Картер.




Коментари

коментари