Категории

Светлото кое го палиш за другите луѓе го осветлува и твојот пат

Немој да заборавиш дека тоа не го правиш само за доброто на другите туку и за доброто за себеси

Запали го тоа светло со својата добрина, љубезност и почитување кои ги покажуваш спрема секој човек, со својот став со кој ќе им дадеш до знаење дека пред се го вреднуваш своето срце и имаш почит кон сопствената душа толку многу што не дозволуваш нечија злоба да стане дел и од тебе.

Секогаш во секој миг избирај ја светлината, дури и тогаш кога сите се движат спрема мракот, ти биди оној кој ќе им го осветли патот дури и ако никој друг не сака да го направи тоа.
Немој да заборавиш дека секој човек е твој еднаков без оглед на неговата вера и националност.

Биди благодарен за за тешките мигови во кои некои луѓе те ставиле затоа што без нив не би открил како изгледа добрината и кому мораш да му ја подариш некогаш во иднина. Што и да се случи, не престанувај да ја следиш искрата на твоето срце, дури и кога ветрот дува во спротивна страна, она што те разгорува е она кое те одржува во живот.

Прегледи:
451
Објавено на:
01.05.2020