Категории

Светот би бил поубав кога кон секој човек би постапувале како кон Бога

Едно дете размислувало колку би било убаво кога би можело да се сретне со Бога. Претпоставувало дека Бог живее далеку па во својата торба ставило малку храна и вода и тргнало во потрага.
Кога се оддалечило стотина метри од својот дом, поминувајќи покрај еден парк, здогледало еден старец кој седи на клупа и храни гулаби. Детето одлучило да седне покрај него. Ја отворило својата торба и посегнало по колачот кој го подготвил. Едено парче му понудил на старецот. Тој се насмевнал и го прифатил колачот. Насмевката на старецот била блага и пријателска па детето заборавило да продолжи по својот пат. Го обзело чувство на среќа и само сакало да седи покрај старецот.

Седејќи така еден покрај друг, ги хранеле гулабите со трошки и се насмевнувале еден на друг. Наскоро почнало да се смрачува и детето сфатило дека мора да оди дома затоа што родителите би можеле да се загрижат за него. Се поздравило со старецот и тргнало, а потоа, оддалечувајќи се неколку чекори, потрчало назад да го прегрне старецот. Тој му ја возвратил прегратката и се насмевнал.

Кога детето пристигнало на вратата на својата куќа, мајка му го погледнала и го прашала: Нешто си посебно ведар? Да не има некоја причина за тоа?
Детето рекло: „Го сретнав Бог“ и додало: „Знаеш што? Тој ја има најубавата насмевка која некогаш сум ја видел“.

Во меѓувреме старецот од паркот тргнал кон својата куќа. На вратата го здогледал неговиот син и погледнал видел посебна благост и ведрина на неговото лице: „Тато, што е тоа што денес толку те усреќи?“
„Седев со Бог, во паркот. Многу е помлад отколку што мислев.“

Допирот, насмевката, љубезниот збор, искрената пофалба.. И најмалиот чин на љубезност има сила да го разубави животот. Разни луѓе влегуваат во нашиот живот. На минута, ден, година или цел живот. Тоа се луѓе како огледала. Светот би бил поубав кога кон секој човек би постапувале како кон Бога.

Прегледи:
575
Објавено на:
18.12.2020