Категории

Светот нема да го цени доброто кое ќе го направите милион пати, но ќе ве критикува кога еднаш ќе погрешите

Професорот го напишал следното:

9 x 1 = 7
9 x 2 = 18
9 x 3 = 27
9 x 4 = 36
9 x 5 = 45
9 x 6 = 54
9 x 7 = 63
9 x 8 = 72
9 x 9 = 81
9 x 10 = 90

Кога зарши погледна во студентите и сите му се смееа поради првиот погрешен резултат.
Тогаш професорот рече:

Намерно го погрешив првиот резултат, затоа сакам да научите нешто многу важно. Со овој пример можете да сфатите како светот ќе се однесува спрема вас. Забележавте дека 9 пати напишав точен резултат, но никој поради тоа не ми честита. Сите ми се смееа и ме критикуваа поради една грешка. Значи, ова е лекцијата: Светот нема да го цени доброто кое ќе го направите милион пати, но ќе ве критикува кога еднаш ќе погрешите. Сепак, немојте да се обесхрабрувате. Секогаш издигнете се над потсмевањето и критиките и останете силни.

Прегледи:
144
Објавено на:
15.12.2020