Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

„Мојата приказна во Црвениот крст/Црвената полумесечина“ е мототото со кое се одбележува 151 година од постоењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

International Red Cross

Во одбележувањето на 8 Мај-Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина ќе се вклучи и Црвениот крст на Град Скопје. Ќе се спроведува и кампања која ќе ги промовира вредностите, мисијата и принципите на движењето во периодот од 8 мај до 5 декември годинава.

Централниот настан ќе се одржи вечер, со почеток во 19 часот, кај Спомен-куќата на Мајка Тереза. Предвидено е да се обрати скопскиот градоначалник Коце Трајановски. На настанот ќе присуствуваат соработниците на Црвениот крст и повеќе јавни личности.




Коментари

коментари