Категории

Светски ден на медитацијата

Кога не можете да најдете ниеден мирен момент во бурното секојдневие, време е да застанете и да се сетите на оние моменти во детството, кога едноставно постоевте, без никаква грижа. Светскиот ден на медитацијата е повик на светот да застане малку и да им дозволи на луѓето да ги прочистат своите мисли, да се сетат дека се примарно луѓе, а потоа работници.

Медитацијата има огромни бенефиции за човечкото психо-физичко здравје. Таа помага при анксиозност, при намалување на стресот и редуцирање на дистракциите.

Медитацијата не е некоја тешка работа. Може да се прави од било каде и било кога. Сѐ што треба да направите е неколку минути да подишете длабоко и да се фокусирате врз вашето дишење, врз телото, да станете свесни за своето постоење на тоа место во тоа време. Доколку дојде друга мисла, треба само да  обрнете внимание на тоа дека таа дошла, и потоа да ја избркате, без да се фокусирате врз неа.

Добар начин да се избистри умот е и цртање на симетрични фигури, или боење во боенки за возрасни.

Прегледи:
393
Категории:
Здравје · Секојдневие
Објавено на:
31.05.2020