Категории

Светските дизајнери се заљубија во неа, а и вие ќе се заљубите!

Валентина Капри (2) е мини блогерка и австралијска Инстаграм ѕвезда и има повеќе од 20,000 следбеници на оваа друштвена мрежа. Светските дизајнери се воодушевени од ова мало кукле, толку многу што дневно добива по седум пакети со облека.

Кога Хејли Берлингер го направи Инстаграм профилот за својата едно-годишна ќерка, не можела ни да замисли колкава популарност ќе добијат нејзините неодоливи фотографии. Стилските комбинации на малата Валентина привлекоа големо внимание, а таа веќе со две години стана една од најбараните Инстаграм ѕвезди во земјата.

svetskite-dizajneri-se-zalubija-vo-nea-a-i-vie-ke-se-zalubite-2

– Не ни сонував дека овакво нешто може да се случи од обичен профил на Инстаграм – изјави мама Хејли за “Daily Mail”.

– Некаде околу илјадитиот следбеник, некој ме праша дали може да ни испрати облека во замена за фотографии на кои Валентина ќе ги носи, а јас помислив дека тоа е толку чудно додека не ми објаснија како тоа всушност функционира. Не ни знаев дека такво нешто постои, вели Хејли.

svetskite-dizajneri-se-zalubija-vo-nea-a-i-vie-ke-se-zalubite-3

На 28.000-от следбеник, Валентина станува заштитно лице на популарниот Инстаграм профил „KidzFashion“ кога популарност порасна на неверојатни 290.000 фанови на Инстаграм.

svetskite-dizajneri-se-zalubija-vo-nea-a-i-vie-ke-se-zalubite-4

– Примавме околу седум пакети дневно од луѓе кои сакале да ја промовираат својата облека така што Валентина ќе ги облече, а во еден момент ни понудија и по 400 долари од фотографија!

Но, не одеше сè така глатко. Хејли и Валентина набрзо се најдоа сред хакерски скандал.

– Се разбудив едно утро со бројни пораки за тоа дека нашиот профил е хакиран и дека некој поставил чудни работи на профилот на Валентина. Ме фати паника, бидејќи сите наши приватни податоци беа на тој профил, а тогаш тој тип почна да ми се заканува дека ќе го киднапира моето дете – вели Хејли.

svetskite-dizajneri-se-zalubija-vo-nea-a-i-vie-ke-se-zalubite-5

Хакерот постојано поставуваше чудни фотографии позирајќи како Валентина, но за среќа набрзо успева да го повратат својот профил и сега имаат околу 20.000 следбеници.

Мама Хајли и Валентина и понатаму добиваат бројни парчиња дизајнирана облека, а Хејли признава дека немала потреба да купи облека за Валентина цела година.

svetskite-dizajneri-se-zalubija-vo-nea-a-i-vie-ke-se-zalubite-6

– Многу сме среќни што добивме ваква шанса, а и Валентина обожава да се фотографира. Кога ќе порасне, ако тоа престане да и биде интересно, ќе престанеме – истакнува Хејли.

Прегледи:
444
Категории:
Занимливости
Објавено на:
03.02.2016