Категории

Свила – Сензуален моден тренд на кого не можеме да одолееме

Гламур, женственост и сензуалност, се што треба да знаете за еден од најубавите модни материјали – свилата.

Свилата никогаш нема да излезе од мода, а оваа година таа тотално го освои модниот свет.
Свилата е скапоцен и луксузен моден материјал кој и дава нота на софистицираност на облеката, женственост и елеганција.
Воедно таа е и еден од најскапите материјали со оглед на различните видови на свила што се нудат на пазарот.
Со оглед на тоа што најновите колекции на познатите модни брендови изобилуваат со парчиња од свилени материјали, може слободно да кажеме дека таа не планира за скоро време да го напушти модниот трон, а кој би сакал затоа што таа изгледа неодоливо.

Прегледи:
125
Објавено на:
13.10.2020