Категории

Тагни, сподели и подари со љубов уникатен накит од Две Шмизле

Во месецот на матурските и апсолвентски забави, изберете го совршениот подарок. Подарете уникатен накит и надополнете го изгледот на вашата омилена личност или пак почестете се себе си и заблескајте во полн сјај со парче накит од брендот Две Шмизле. Се што треба да направите е да го напишете вашето име или пак да ја тагнете вашата драга особа и да ја споделите објавата. Акцијата трае до крајот на овој месец, па затоа побрзајте и учествувајте.

Две Шмизле е бренд за рачно изработен накит со потекло од Белград кој веќе долги години успешно работи во Србија и на Балканот, а сега е достапен и кај нас. Специфично за овој бренд е тоа што секое парче накит е поразлично од останатите, па затоа со сигурност секоја дама ќе го најде токму тоа што и треба за да го комплетира својот имиџ на уникатен начин.

 

Дел од накитот е изработен со кристалите на Сваровски со што дизајнот е на Две Шмизле, а останатиот дел е направен од различни материјали како што се стакло, полудраги каменчиња, бисери, дрво, кожа и слично. Изборот на ланчиња, обетки, алки, додатоци за коса, брошеви е огромен, а воедно и цените се навистина адаптирани за нашиот пазар. Продавницата официјално е отворена кон крајот на декември 2016, а истата е лоцирана во трговскиот центар Беверли Хилс. Накитот може да го видите и на фејсбук страната и инстаграм профилот на Две Шмизле.

 

 

Брендот постојано има нови модели на накит и со тоа константно го задржува вниманието на своите купувачи.

Раскажете ја вашата приказна, со парче накит од Две Шмизле.