Тајната формула на беспрекорниот изглед на Салма Хаек

Само една навика прави нејзината линија да биде перфектна

Врз основа на нејзиниот изглед, може да се каже дека за неа годините се само број. Оваа година наполни 53 а изгледа барем 10 години помладо. За нејзиниот младолик изглед не е заслужна генетиката,туку ритуалнот од кој никогаш не се откажува.
Во една прилика таа изјави дека не е љубител на вежбањето, па веројатно и вие се прашувате што се крие позади нејзината витка фигура.

Салма Хаек од мали нозе води грижа за здравјето и за тоа што внесува во својот организам, а сето тоа се покажало како одлична формула за успех. меѓутоа, таа не крие дека и се случува да претера со храната во некои моменти.
„Кога сум под стрес, јадам повеќе од нормално“, откри таа.

После таквите моменти таа практикува тридневен детокс со природно цедени сокови.

„После детоксот, мотивирана сум да јадам здраво.“

„Чистењето на телото е како медитација. Тоа ме тера да запрам, да се сконцентрирам и да размислам за она што го ставам во моето тело. Му се посветувам на здравјето и го притискам дукмето за ресетирање.“ – изјави таа.




Коментари

[fbcomments]