Тајната на беспрекорниот изглед на Џесика Алба

Џесика Алба е позната по тоа што води особена грижа за исхраната и здравјето со цел да остане во најдобра можна форма, својата тајна ја сподели со фановите ширум светот. Таа откри дека со години практикува здрав живот кој вклучува многу физичка активност, внесување на витамини и медитација.

 „Откако станав мајка, здравјето е мој приоритет. Многу ми е важно да бидам здрава и добро да се чувствувам, а не да тежнеам кон совршенството. Наместо секогаш да размислувам како да изгубам што повеќе килограми, тежнеам кон тоа прво да се чувствувам добро во своето тело и да бидам задоволна со себеси.“

Актерката откри дека денот го започнува со смути.

„Смутито е многу хранливо и богато со витамини, мојот ден започнува со чаша смути од моето омилено овошје. Практикувам да им го давам и на моите деца кои исто така го обожаваат.“

Актерката сподедли дека и колку да е поборник за здрава исхрана некогаш си дозволува мало отстапување, таа откри дека обожава слатки и чоколадо.

„Тоа е начин да си удоволам на себеси и не се грижам што понекогаш го прекршувам моето правило.“

Уште една тајна која актерката ја сподели со своите обожаватели е дека обожава да конзумира кокосова вода која е извор на бројни бенефиции. Нејзината совршена фигура е резултат на редовното одење во теретана. Минимум 2 пати неделно таа тренира физичка активност а во останатите денови таа преферира медитација.




Коментари

коментари