Категории

„Тајниот Дедо Мраз“ ги платил долговите на луѓето од речиси 30.000 долари (ФОТО)

Личноста која ги платила долговите инсистирала нејзиниот идентитет да не биде откриен.

„Тајниот Дедо Мраз“ им ги разубавил празниците на стотина купувачи во американскиот град Кенет Сквер во близина на Филаделфија, плаќајќи дел од нивните долгови запишани на вересија во вкупен износ од речиси 30.000 долари.

Еден од жителите бил шокиран кога дошол да го исплати долгот од 150 долари во локалниот супермаркет. Касиерката му соопштила дека некој напишал чек од 29.000 долари, плаќајќи ги долговите на сите купувачи.

„Поради ваквите дела посакуваш и ти да правиш добри дела за другите“, вели тој.