Тајзи за прв пат во Банско, Бугарија

Македонскиот реге артист Тајзи и Иноватива Груп Ви го најавуваат првиот негов концерт надвор од границите на нашата држава.

Во недела, на 18ти Јануари, со почеток во 23:00 часот е закажан почетокот на концертот во клубот “Jack`s House“, во Банско, Р.Бугарија. По успешниот, голем концерт во Скопје, во Универзалната сала, Тајзи за прв пат ќе се претстави на локалната, Бугарска публика, но и пред Македонските туристи кои знаат како да се забавуваат на хитовите на Тајзи.

Тајзи ги поканува сите кои овој викенд ќе бидат во зимскиот центар Банско, на супер журка, во клубот “Jack`s House“. Недела, 18ти Јануари, со почеток во 23:00 часот.




Коментари

коментари