Категории

Талентирана 18-годишна девојка шие фустани кои изгледаат како да се од бајките

Анџела Клејтон е 18-годишен костимограф од Лонг Ајленд, Њујорк, која за првпат започнала да шие пред 3 години кога се заинтересирала за светот на игрите на улоги. Сега, Клејтон сѐ поретко посетува настани од овој тип и се фокусира повеќе на оригинални дизајни. Нејзините проекти може да траат и до 250 часа, а таа еднаш употребила 11 метри материјал за шиење за да направи еден костим!

„Се надевам дека од ова хоби ќе произлезе и мојата идна кариера. Јас сакам да правам костими и сакам да ги оживувам моите идеи. Ако би можела тоа да го правам за модата, посебно за театарот или филмот, тоа би било супер… Повеќе би сакала да почнам да го работам тоа, отколку да одам 4 години на факултет“, вели Анџела.

2

Таа започнала да шие на 14-годишна возраст.

„Првиот проект кој го завршив беше училишна униформа од една анимирана ТВ серија кога имав 14 години. Ми требаа 2 месеци. Сакав игри на улоги, да правам костими или да ги носам на конвенции, но не можев да си ги дозволам костимите кои беа достапни за купување на интернет. Продолжив да изработувам костими, бидејќи го сакав аспектот на шиењето. Одлучив да си дадам слобода при фокусирањето на историските проекти и оригиналниот дизајн. Имам еден костим на кој работам од јануари и сѐ уште не сум го завршила, но се надевам дека ќе го завршам наскоро. На некои луѓе им доаѓа природно, но ова е дефинитивно нешто што може да се научи како да се прави. Ако вежбате, сигурно ќе научите, но процесот може малку да потрае“, објаснува Анџела.

3

4

5

6

7

8

9

10

14

Прегледи:
620
Објавено на:
05.01.2016