Талисманот ТУРСКО ОКО – за што служи и што всушност привлекува

Овој талисман е еден од најпопуларните во многу земји, а еве што ви донесува

Очите се по речити од усните, тие се глас на срцето и во нив се отсликува нашата душа. Како тогаш за едно око може да се каже дека е зло? Може, но само доколку се работи за популарниот талисман изработен од сино стакло, кој особено е популарен во Турција и Грција. Попознат како „турско око“ или „назар“, овој сувенир се смета за моќно сретство за заштита од уроци и зли погледи.

Ваквото верување не е поврзано само за Турција, напротив, се смета за легенда која потекнува уште од стариот Египед и Месопотамија, па не не чуди што овој симбол може да се најде во многу домови во Сирија, Иран, Либан, Ирак, Авганистан и Азербејџан. Исто така, синиот сувенир е познат по своите концентрични кругови кои мораат да бидат само сини, а исто така можат да се најдат и во бела, црна или златна боја.

Значење секако останува непроменето – турското око донесува среќа во домот, и се поставува во близина на домашната врата како би го „одмерило“ секој посетител, а мајките ширум Медитеранот обавезно го поставуваат покрај креветот на бебињата за да го чува новороденчето од завидни и опасни погледи.




Коментари

коментари