Тамара Тодевска е најдобриот женски вокал на овогодинешната Евровизија, а „Proud“ е на петтото место за најдобра песна!

Овогодинешната Евровизија која се одржа во Тел Авив, остави особен впечаток кај нас поради успехот кој го постигна нашата претставничка Тамара, но песните, изведбите и вокалните способности на пејачите сѐ уште се коментираат и рангираат.

Радиото ESC (Eurovision Song Contest) секоја година им овозможува на фановите да гласаат за своите евровизиски фаворити во четири категории.

Во категоријат најдобар женски изведувач, Тамара ја зазема првата позиција, додека нашата балада „Proud“ се најде на петтото место за најдобра песна во 2019. година.

 




Коментари

коментари