Тамара Тодевска вечерва ќе се бори за добар пласман во финалето на евровизија 2019

Вечерва нашата позната пеачка Тамара Тодевска ќе настапи на финалето на Евровизија 2019 која се одржува во Тел Авив.

На полу-финалната вечер Тамара Тодевска го обезбеди своето место во финалето. Нашата земја ќе учествува во финалето на Евровизија прв пат по 2012 година, кога влеговме во финалето со настапот на Калиопи.
Вечерва во финалето ќе настапат 26 земји, а Тамара Тодевска ќе настапи 8-ма по ред.
И посакуваме многу среќа и успех на нашата Тамара и секако, висок пласман.
Во продолжение потсетете се на настапот од полу-финалната вечер кој беше поздравен со голем аплауз.




Коментари

коментари