Категории

Таму некаде постои некој кој сонува да запознае личност како тебе

Ти си нечија најголема желба, нечиј сон и некој ќе те сака поради тоа како ништо друго на светот.

Ако некој вистински те сака покрај себе, ќе направи се за да те задржи таму.
Не можеш да натераш некого да се грижи за тебе, не можеш да натераш некој да остане верен.

Не можеш да натераш некого да се заљуби во тебе. Немој да остануваш покрај некого затоа што мислиш дека нема да пронајдеш љубов повторно. Немој да остануваш само затоа што мислиш дека нема да можеш да пронајдеш ништо подобро. Немој да се лажиш себеси за другиот да изгледа како добра личност во твоите очи. Немој да го следиш некого низ бура ако знаеш дека тој не би го направил истото за тебе.

Мораш да сфатиш дека некои личности кои ќе влезат во твојот живот не се наменети да останат таму засекогаш, иако чувствуваш дека ќе биде така, не сите ќе останат засекогаш.
Еден ден ќе запознаеш личност поради која ќе ти стане совршено јасно зошто некои нешта тргнале наопаку и зошто се се случило онака како што се случило.

Знај дека вистинската личност за тебе постои и те чека. Ти си нечија најголема желба, нечиј сон и некој ќе те сака поради тоа како ништо друго на светот.
Твоите несовршености во нечии очи ќе бидат совршенство. Некој ќе ги поддржува твоите соништа и желби и колку луди да изгледаат и нема никогаш да дозволи да се посомневаш во себеси.

Постои личност која ќе ти се восхитува и ќе биде благодарна што те има покрај себе.
Постои личност која ќе ја пополни секоја празнина и ќе направи никогаш повеќе да не се чувствуваш осамено.
Знај дека постои личност која ќе се појави во вистинско време и вистинско место, само продолжи да веруваш.