Танец апсолутен победник во Париз: Македонскиот ансамбл ја освои престижната Гран при награда!

Оркестарот на ансамблот Танец под водство на Дарко Илиевски ја освои апсолутната награда на целиот натпревар. Настапот на оркестарот бил проследен со аплаузи на отворена сцена и беше испратен со овации.


Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Танец има учествувано на над 4.500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи.

Веќе шест децении Танец со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец.

Репертоарот на Танец го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: Невестинското, Тешкото, Комитско, Чифте Чамче, Осоговка и многу други бисери на македонскот народно творештво.




Коментари

коментари