Категории

Тату-мајстор открива за кои тетоважи клиентите најчесто се каат

Пред да одлучите да направите тетоважа, треба добро да размислите што ќе напишете или нацртате за да не зажалите брзо затоа што, на крајот на краиштата, таа останува трајно на вашата кожа.

Затоа професионалниот уметник за тетоважи Херчел Караско сподели кои тетоважи можеби нема да треба да ги правите бидејќи тие се само во тренд и можеби ќе сакате да ги промените многу брзо, односно штом трендот ќе помине. Првата тетоважа на оваа листа е знак на бесконечност, а Херчел објаснува дека луѓето сакаат да ја соблечат или преправат бидејќи со возраста, како што старее кожата, знакот ја губи својата форма.

Пердувите, птиците и розите можеби изгледаат романтично, но мајсторот за тетоважи вели дека на луѓето често им е здодевно со овие цртежи бидејќи немаат големо значење за нив, туку ги истетовирале затоа што се убави. Луѓето кои го истетовирале баркодот, стрелките и натписот „Умот над материјата“ често се враќале во салонот со желба да создадат нешто друго.

Секако, на списокот се наоѓаат и имињата на партнерите како и датумите на годишнината од многу едноставна причина – врската или бракот е прекината и личноста повеќе не сака да има никакви врски со бившиот.

Прегледи:
395
Објавено на:
02.11.2021