Категории

Тажна вест – почина Диего Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми.

Легендарниот фудбалер починал во својот дом, во Тигре.

Тој во последните неколку месеци имаше големи проблеми со здравјето, а неодамна му беше извршена операција по која успешно се опорави. Болницата ја напушти пред две недели и се опоравуваше во својот дом.

Марадона е роден на 30 октомври 1960 година во Буенос Аирес. Во текот на блескавата фудбалска кариера играше за Аргентинос Јуниорс, Бока Јуниорс, Барселона, Наполи, Севиља, Њувел Олд Бојс. Кариерата ја заврши во Бока Јуниорс во 1997 година. Се бавеше со тренерска работа, а најсериосен ангажман имаше од 2008 до 2010 година, кога ја водеше репрезентацијата на Аргентина.

Диего Марадона е еден од двајцата најдобри фудбалери во минатиот век заедно со Пеле, а во фудбалот освои се што можеше да се освои како играч.

Прегледи:
77
Категории:
Спорт
Објавено на:
25.11.2020