„Те слушам како шепотиш после полноќ, туѓо име, не е моето..“ – Кукла од Памук

„Имаше толку многу жртви на твоите дланки,
толку многу изгубени битки, распаднати соништа.
Толку многу прашања изгубени помеѓу отисоците.
И имаше друга кожа врз твојата.
Секој пат кога со нив ќе допреше дел од мене
чувствував дека не бевме сами,
нечија трета се таеше помеѓу дланките.
Те слушам како шепотиш после полноќ,
туѓо име, не е моето..
И го слушнав толку многу пати,
но моите колена сеуште треперат
и тоа не е нешто од кое ќе се разбудам изутрината.
Ти живееш со парчиња туѓа кожа
а јас во две вистини,
едната кога буден сонуваш покрај мене,
другата кога сонуваш реалност покрај неа.
И не знам што е полошо,
понекогаш се плашам дека ќе заминеш засекогаш
но кого лажам јас
ти всушност не беше покрај мене никогаш.. “

 

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/




Коментари

[fbcomments]