ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЌЕ ГОСТУВА ВО ХРВАТСКА

НУ Театар Комедија во петок на 30 Ноември ќе гостува во Градско казалиште Комедија Загреб, Република Хрватска.

Ова гостување се темели на меѓусебната соработка која е базирана на меѓународен меморандум за соработка кој беше потпишан помеѓу двете институции годинава.

В.д. директорот на Театар Комедија Скопје ,Сашо Ристовски по повод ова гостување изјави : Ме радува дека почнавме со имплементирање на меѓународниот договор со Казалиште Комедија Загреб.Многу е важно да склучуваме вакви соработки,а уште поважно е да ги реализираме.

Директорот на Казалиште Комедија Загреб Крешимир Батинич реши да гостуваме со претставата Жени ми се вика Борис. Двете комедии се решени на интензивна соработка.Очекувам дека во месец Април ќе гостуваат со претставата 39 степени, а веќе размислувам нивниот спектакл Чаробни Бродвеј да го отвори Меѓународниот фестивал Гола Месечина 2019 кој го продуцира Театар Комедија Скопје заедно со Општина Аердром и искрено се надевам дека ќе дојдеме до создавање на заедничка претстава.




Коментари

коментари