„Тебе ти припаѓам повеќе отколку што си припаѓам на себе“ – Кукла од Памук

„Мојот непријател сум јас.
Водам војни одамна изгубени,

изгубени уште од мигот кога решив дека нема повеќе да те погледнам,
а сега дури и мракот го носи твојот лик.
Горам во огнот кој сама го запалив, а тие никогаш нема да замолчат,
го споменуваат твоето име, каде си бил минатата ноќ,
колку дна си допрел, колку срца си освоил..
Се замолчив и себеси
кај кого ли да побегнам од тебе, од себе?
Ми велат им се насмевнуваш и им шепотиш слатко, им ги допираш дланките
додека ти воздивнуваат во вратот, но ме гледаш тајно.
Не пиев минатата ноќ, ниту таа пред неа
а не паметам кога последен пат бев трезна.
Само ти ме знаеш, само ти знаеш се,
пред тебе сум гола,
само ти го знаеш ова срце напамет,
тебе ти припаѓам повеќе отколку што си припаѓам на себе.”

 

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/




Коментари

[fbcomments]