Техника на смирување која помага во стресни ситуации

Позната техника за смирување со помош на дишењето која е едноставна но корисна

Во стресни ситуации, кои во овие денови се чини дека се доста чести, лесно може да не обземе паника. Тоа неконтролирано чувство на страв го следат и разни физички симптоми како брзо чукање на срцето, недостаток на воздух, вртоглавица, мачнини и многу други нешта.

Паниката најлесно и најбрзо ќе ја смирите со помош на – дишење.

Физичките симптоми често се резултат на фактот дека поради стравот едноставно забораваме да вдишеме воздух кој притоа се собира во горниот дел од дишниот систем и го спречува нормалното дишење.

Постои едноставна техника која може да ви помогне да го регулирате дишењето и да го вратите во нормала и притоа да се смирите за време на стресни ситуации.

-Во себе бројте до 5 со лесно темпо и притоа длабоко земајте воздух.
-Кога ќе изброите до 5, задржете го воздухот во себе и бројте до 4.
-Потоа полека низ носот испуштете го воздухот и во себе бројте до 5.

Оваа техника се користи за смирување при напад на паника и анксиозност, но помага и во ситуации кога чувствувате голема напнатост и стрес.




Коментари

[fbcomments]