Категории

Технологијата на оживување пристигнува за 30 години!?

И додека многу компании веќе со години работат на развивање на технологија која би можела да го продолжи човечкиот живот за десетина, па дури и стотина години, компанијата “Humai” од Лос Анџелес смисли друг план.

Имено, наместо да го продолжува животниот век на луѓето, оваа компанија планира да ги оживува после смртта. И колку и да звучи тоа како невозможна мисија, уште поневеројатно звучи предвидувањето на основачот на оваа компанија Џош Боканегре дека технологијата која ќе го овозможи тоа ќе биде достапна за 30 години.

Откако веќе споменатата стартап компанија пред неполни два месеци ги објави своите планови, вниманието на јавноста беше насочена само на едно прашање – како?

Иако се уште не е објаснет процесот, веруваме дека ќе биде доста контраверзен, со оглед на тоа дека вакви планови и фантазии постојат веќе со години, но никогаш не биле блиску до реализација.

Прегледи:
52
Категории:
Технологија
Објавено на:
02.02.2016