Категории

Тејлор Свифт испишува историја – Прогласена е за уметник на деценијата

Воедно таа и една од музичките ѕвезди која има рекорден број на награди

Тејлор Свифт на доделувањето на Американските Музички награди ја понесе титулата за Уметник на Деценијата.

И покрај тоа што музичката ѕвезда беше мета на бројни скандали и проблеми кои ги имаше со својата издавачка куќа, таа ги има издадено едни од најголемите хитови со рекорден број на прегледност на youtube меѓу кои “The Man”,  “Love Story”, “I Knew You Were Trouble”, “Blank Space”, “Shake It Off” i “Lover”

При примањето на наградата на сцената таа во својот говор својата награда им ја посвети на сите уметници и оние кои сакаат да создадат нешто во животот.