Категории

Тејлор Свифт со огромно достигнување и дел од најубавите моменти од турнејата со албумот Reputation

Тејлор набргу по објавувањето на нејзиниот албум Reputation започна со турнеја. Според Billboard, таа го сруши рекордот за најплатена турнеја за женски изведувач во САД.

Рекорд кој и предходно го држеше таа со 181,5 милиони долари со турнејата со албумот 1989. Сега Тејлор сама го надмина овој рекорд со 191,1 милиони долари со Reputation албумот. 1.489.904 досега купиле карти за да присуствуваат на 27-те нејзини концерти. На Тејлор и остануваат уште 18 концерти од оваа турнеја, 11 во САД и 7 надвор од САД.

Ви предлагаме некои интересни и убави моменти од нејзината турнеја.

На концертот кој го одржа во Аталанта, вториот викенд во август, присуствуваа 116 илјади луѓе. Бројка која е неверојатна за концерт во живо.

 

Концертот кој го одржа во Џерси, крајот на јули, траел 2 часа. Во текот на целиот концерт врнело дожд.

 

На средба со фановите која Тејлор ја организирала, едно момче ја запросило својата девојка. Тој и рекол дека се запознале пред 5 години на концерт на Тејлор, во тек на турнејата со Red албумот.

 

На еден концерт гостин и беше Брајам Адамс. Тејлор вели дека не знаела дека тој бил во градот, ден пред концертот. Во последните моменти пред концертот таа го поканила, по што тој прифатил. Тејлор вели и дека навистина многу му е благодарна.

 

 

Дел од други нејзини гости биле и Селена Гомез, за која Тејлор во едно интервју вели дека таа и е добра и вистинска пријателка и личност која може да ја повика било кога. Шон Мендес, Роби Вилијамс, Наил Хоран, Камила Кабело…

 

I mean, I could but why would I want to? @selenagomez

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift) on

 

 

 

 

Прегледи:
315
Објавено на:
24.08.2018