Категории

Телеком со револуционерна нова реклама со Били Ајлиш

Телеком штотуку извадија револуционерна нова реклама. Нејзин наратор и главен лик е Били Ајлиш, а и нејзината песна ‘When the party is over’ оди во позадина на рекламата.

Но, ова не е само уште една реклама каде што употребиле славна личност заради гледаност. Рекламата ни покажува нешто многу побитно – дека технологијата  не’ поврзува сите нас. Били вика: „Сите ние сме само глупави деца зависни од скролање на екрани, нели? Ние сме отсутни од вистинскиот свет“. Но, всушност, на видеото се гледа како луѓето поддржуваат активизам, се фотографираат на протести, со плакати, споделуваат моќни видеа од политичари итн. Односно, во суштина рекламата покажува дека социјалните медиуми се користат само како уште еден алат за да се пренесат на општеството важните политичко-активистички пораки. Позадинскиот заклучок е дека не сме отсутни само затоа што гледаме во екраните, туку баш напротив, сме присутни на многу повеќе места отколку што би биле без технологијата, дека се информираме, следиме и знаеме многу повеќе од било кога порано.

Погледнете ја рекламата: