Телевизорите зрачат повеќе од антените предаватели?

Телевизорите зрачат повеќе и поштетни се за луѓето од антените предаватели. При мерење на електричното магнетно поле се утврдило дека телевизорот дава поголемо поле, во споредба со антената предавател.

На столбовите високи измеѓу 20-30 метри се поставуваат антени на мобилната телефонија кои примаат и испраќаат радиосигнали. За антената која се наоѓа на висина од 20-30 метри да може да прими радио сигнал мора да се напојува со електрична енергија, чија јачина е 40 вати што е еднаква на јачината на обична сијалица. Кога постои електрична енергија околу антената се создава електрично и магнетно поле кое се простира во сите правци. Најголемото електрично поле е во хоризонтален правец, односно во овој случај на висина од 20 метри, каде што се наоѓа антената. Јачината на полето кое би можела да биде негативна за луѓето е на седум метри во хоризонтален правец од антената. Затоа, не грижете се- предавателите се безбедни!




Коментари

коментари