Тенок струк во неколку чекори без диети и вежбање

Следете ги овие совети и за само неколку дена можете да постигнете тенок струк и тоа без диети и вежбање

Сите имаме проблематична зона каде што е најчесто се собира по некој килограм плус, но модерниот начин на живот и исхраната можат да влијаат врз килограмите. Денес се повеќе жени се жалат дека се „дебелеат на машки начин“, односно околу струкот и стомакот.
Доволно е само неколку дена да се придржувате кон овие совети и ќе ја забележите разликата.

Кажете им збогум на јаглеглехидратите и да на јајцата
Сложените јаглехидрати се составен дел од здравата храна, но во деновите кога чувствувате подуеност најдобро е да се воздржите од конзумирање на тестенини, леб и др. а белото брашно би требало да го избегнувате и тоа строго. Наместо тоа се препорачува храна која е богата со протеини, како јајцата, белото месо, т.е. рибите. Се препорачува и неколку денови да избегнувате внесување на шеќер.

Банани
Бананите се суперовошје. Иако содржат јаглехидрати кои би требало да ги избегнувате во текот на овие денови, тие прават чуда за надуеноста. Исто така, бананите се одлични за контролирање на гладот помеѓу оброците.

Намалете го внесувањето на сол
Преграната погата со сол придонесува за дебелеењето. Ако сакате солена храна, тажна вест е дека солта предизвикува надуеност, но и видливо ја задржува водата во организмот. Воздржете се од внесување на сол овие денови додека ги применувате овие совети, и додека готвите зачинувајте многу малку.

Само вода
Чистата, негазирана вода прави многу за здравјето и за изгледот на телото. Таа е поздрава од газираната вода. Пијте обична вода која најдобро го чисти телото од токсините, а вашиот стомак ќе биде рамен. Супер е ако додавате ѓумбир, лимон, а два пати неделно препорачливо е да конзумирате чај од хибискус.




Коментари

коментари