Категории

Терапевтите ги открија карактеристиките на нераскинливата љубовна врска

Ако ги поседувате, вие сте среќна жена!

Терапевтот Дејвид Шредер ги откри карактеристиките на силната, скоро нераскинливаврска!

За здрава, силна и среќна врска потребно е многу напор, но овие пет работи ја прават врската скоро нераскинлива!

 

Хемија

За врската да биде стабилна и среќна, важно е да има „хемија“, но тоа не подразбира само физичка привлечност. Терапевтот посочува дека ова исто така значи дека и двајцата треба да имате желба навистина да се запознаете, да бидете љубопитни, отворени, забавни за да комуницирате со партнерот, да го прифатите каков што е и да го почитувате.

 

Заеднички цели

Имањето заеднички цели воедна врска дава подлабокасмисла и ја продлабочува поврзаноста. Се разбира, сосема е во ред да имате и свои лични цели, но терапевтот посочува дека е важно тие да не ги загрозуваат вашите заеднички цели.

 

Приврзаност

Под тоа, вели терапевтот, се мисли на желбата, „договорот“ да правите нешто заеднички во сегашноста или иднината. Приврзаноставо врската е практично согласност за љубов, отвореност, прифаќање и верност.

 

Комуникација

Во секоја врска има проблеми и кавги, несогласувања, но многу е важно да се одржи добра комуникацијатапомеѓу партнерите во вакви ситуации. Добро е да се биде свесен за ситуацијата, да одговорите на тоа и да бидете сигурни дека ја разбирате другата страна – и обично сите ја гледаме ситуацијата од своја перспектива, што не е многу добро.

Терапевтот посочува дека најголемиот проблем во комуникацијата е што не слушаме за да разбереме, туку за да одговориме.

 

Консензус

Станува збор за соработка, изнаоѓање решенија кои што ќе ги задоволат обете страни.

Како што споменавме порано, во секоја врска повремено има проблеми, но многу е важно како се однесувате во овие ситуации – голема разлика е во тоа дали гледате да сиугодите само на себеси или се обидувате да најдете решение што ќе одговара и за вас и за вашиот партнер.

 

А за да стигнете до таму, потребно е отворен разговор, преговори, компромис … што е многу тешко да се постигне ако некој од партнерите во врската сака да биде „главниот“.

 

Колку е силна вашата врска? Размислете за тоа и обидете се да работите на овие пет работи за да ја зајакнете.

Прегледи:
416
Објавено на:
18.01.2020