ТЕСТ: Изберете ја најпривлечната кристална форма и откријте ја вашата нерешена судбинска задача!

Овој интересен тест ќе ви каже кои проблеми од минатите животи треба да ги решите. Погледнете ги трите кристални форми и изберете ја онаа која најмногу ве привлекува и откријте ја недовршената задача од минатите животи!

Во минатиот живот бевте изолирани и сами, се чувствувавте напуштено од другите луѓе. Затоа треба да научите да ги цените вашите односи. Понекогаш можете да ја видите само позитивната страна или потенцијалот на другата личност и тешко прифаќате дека овие идеали не се реални, поради што влегувате во токсични врски. Кога го имате тоа искуство, имате тенденција да се борите за односот повеќе отколку што е здраво. Тоа е резултат на вознемиреност поради осаменост.

Кога ќе научите да ги препознавате предупредувачките знаци, ќе се спасите од разочарувањето. Овој предизвик може да важи за било кој однос, било да се работи за семејството, пријателите, партнерите или колегите.

Во претходниот живот не се плашевте да верувате, но честопати сте биле погрешно разбрани. Вашите одлуки ве доведоа во опасност, финансиска и физичка. Поради овие грешки почнавте да се сомневате во луѓето, а овие сомнежи се сѐ уште со вас. Постојат неколку начини на кои можете да работите на овој проблем. Не треба да ги донесувате одлкуите избрзано и не треба да барате премногу совети од другите луѓе, кои можат, иако добронамерни, да ви предизвикаат поголема конфузија.

Во претходниот живот сте биле жртва на лукавство и потсмев, затоа денес имате тенденција да бидете претпазливи. Во овој живот ќе ги привлекувате луѓето кои ќе ја тестираат вашата вера и доверба во нив. Клучот е да го обрнете вниманието на интуицијата. Најдобро е да научите како да ги градите односите со луѓето. После некое време ќе научите да им верувате и самите ќе можете да решите дали се достојни да бидат во вашиот круг.




Коментари

[fbcomments]