Тежнејте кон совршенството! – Никогаш не се задоволувајте со просечен партнер, пријателство или кафе!

Просечното кафе, пријатество и љубов не се опции!

Не требало да ги прифаќате некои работи доколку во потполност не ви одговараат. Некои ситуации и факти не можат да се променат. Постојат области од животот во кои е само прифаќањето и инсистирањето на најдоброто, единствено прифатливо. Да се угоди на себеси е приоритет во животот.

Можеби некој од вас ќе ве смета за сноб, егоист или себична особа само затоа што го правите она што го сакате. Не оптеретувајте се со со нивните ставови. Доколку секогаш се грижите само за тоа што другите ќе кажат, ќе го претворите вашиот живот во здодевен и никогаш нема да бидете задоволни со себе и со него.

Ако вашата страст спрема животот и добрите нешта ги плаши, оставете ги да си одат!
Вашиот живот треба да биде одраз на што најмногу го сакате и што ве прави среќни. Не треба да чувствувате страв кога ќе го изговорите тоа. Не можете да ги контролирате однесувањето спрема другите луѓе, нивните размислувања и зборови, но стандардот на вашиот живот е во вашите раце.

Не плашете се да си удоволувате на себеси и да живеете најдобро што можете, затоа што луѓето секако ќе најдат негативен коментар за се што правите. Затоа трудете се да ви биде комотно во сопствената кожа. Не останувајте во друштво на лоши пријатели кои ве користат само поради нивниот интерес и ве оптеретуваат со проблемите. Не прифаќајте ништо помалку од абсолутна љубов, нити слабо кафе. Млагите односи ни во еден случај не се доволно добри!
Животот е краток за половични нешта, односи и луѓе кои ве исцрпуваат и ви шират негативна енергија!




Коментари

коментари