„Ти беше мојата бајка која не започна со „си беше еднаш..“ и не заврши со „среќни засекогаш..““ – Кукла од Памук

„Ти беше мојата бајка
која не започна со „си беше еднаш..“
и не заврши со „среќни засекогаш..“
Само уште малку подолго,
само уште една страница.
Да потонам подлабоко,
да не се разбудам повторно.
Не носеше меч туку голи дланки
од кои пламтеше пекол.
Не носеше песна туку валкан шепот
како крик на ѕвер.
Наместо сјаен штит,
усни од жар и крв.
Ти никогаш не ја допре мојата кожа,
ја распара од грлото се до петите
се вгнезди во неа и пеплоса сѐ.
И можеби беше бајка, но не како оние познатите.
Принцезата не се заљуби во принцот на бел пастув,
туку во змејот кој и се скроти на градите.“

 

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/




Коментари

[fbcomments]