Чек дис аут
Search

Ти не си половина човек, зошто тогаш не даваш се од себе?

Престани да бидеш препрека сам на себе! – Или се или ништо!

Никој не не лаже како што се лажеме самите себеси, никој не не кочи како што се кочиме самите себеси. Најголемата препрека сме сами на себе.
Дури и кога мислиме дека се штитиме себеси, понекогаш самите на себе си одмагаме. Еден од начините на кој лажно се штитиме себеси е тој кога не даваме се што имаме, задржуваме, даваме само минимален дел од себеси и се убедуваме дека тоа е се што можеме додека вистината е дека можеме многу повеќе.

Го правиме тоа секојдневно, на работа, во врските, секаде. А на тој начин само се подготвуваме себси за несупех. Тоа е губитнички став, став поради кој луѓето пропаѓаат во кариерата, бракот и односите. Луѓето играат на сигурно, се штитат однапред не давајќи се од себе.

Или се или ништо!

Луѓето се штитат себеси од нешто што сеуште не се случило. Луѓето се сокриваат, се маскираат и бегаат од самите себеси. Можеш да заминеш каде што ќе посакаш, ако треба и на другиот крај на светот, но од самиот себеси не можеш да побегнеш, не можеш да се сокриеш од себе.

Престани да бидеш препрека сам на себе!
Способен си да водиш грижа за себеси, да превземеш потполна одговорност за својот живот. Способен си свесно да одлучиш што ќе направиш а што не. Способен си да бидеш успешен!

Ти не си половина жена. Ти не си 50%. Ти си 100%. И во тоа е твојата моќ затоа што никој друг не е ТИ.
Поседуваш се што ти е потребно за да успееш.

„Во секој човек се наоѓа огромен потенцијал. Верувај во својата сила и младост. Научи бесконечно да повторуваш – Се зависи само од мене!“ – Andre Gide




Коментари

[fbcomments]