Ти не си слаба само затоа што некој ти недостасува

 Веројатно до сега сфати дека околу тебе постои еден цел свет кој ќе ти каже како треба да се носиш со својата болка.

Еден дел е добронамерен, тоа се пријателите или членовите на семејството кои само сакаат тагата да исчезне од твоите очи. Луѓето кои те сакаат, кои патат кога ти патиш и затоа се обидуваат да те уверат дека твоето срце чудесно ќе се излечи.

Други пак се анонимни странци уверени дека те познаваат. Луѓе кои на загубата гледаат еднодимензионално, кои не успеваат да видат колку е сложено кога некој ти недостасува.

Кога тагата е во прашање, нема ништо едноставно. Не постои еден начин да ја искажеш.

И искрено, сите се изморуваме од она што друштвото го карактеризира како слабост. Доста е од тоа природните емоции да се означуваат како нешто друго.

Доста е да гледаме како не смее нешто да ни недостасува подолго од тоа што се “очекува“ и како само треба да продолжиме понатаму.

Кога некој ни недостасува не постојат неколку правила. Тоа не е пресметка и нешто што може да се пресмета со формула. Бидејќи на крајот на денот ништо од тоа не е важно. Не можете од тоа да се тргнете само затоа што ви рекле дека треба. Не оди тоа така.

Можеби можете извесно време да се залажувате, но не можете од тоа да побегнете.

Кога имаш личност, своја личност која прави неизмерна разлика во твојот живот и потоа ја изгубиш, тоа нешто те крши. Дури и ако се случувало постепено и сите го очекувале, ти и понатаму не си подготвена за крај.

Твоите чувства почнуваат да затупуваат. Се менува начинот на кој гледаш на нештата. Се околу тебе ти ги боде градите.

Тоа не е слабост. Болката која ја чувствуваш бидејќи личноста која си ја сакала не е покрај тебе, тоа не е слабост. Плачеш кога ќе наидеш на стари фотографии, а сеќавањата те удираат како силен бран во лицето, тоа не е слабост.

Тоа што го чувствуваме е моќ.

И тоа е тешко да се признае. Сите се толку фокусирани да бидат независни, да не им попуштат нивните храбри срца и случајно да не застанат.

Сите ние се носиме со нешто во животот и се обидуваме да преживееме најдобро што знаеме.
Ако некој ти недостасува, тоа е знак дека нешто ти значело во животот. Тоа значи дека си била поврзана со друго човечко суштество. Зарем тоа не е смислата на сето ова?

Никој не знае колку време сето тоа ќе трае. Може да пристигнува во бранови. Може да те погоди години подоцна кога не очекуваш. Тоа е потсетник дека некого си го сакала. Тоа е потсетник дека си способна повторно да сакаш.




Коментари

коментари