Ти не заостануваш и не си неуспешен ако се движиш со различно темпо од другите

Верувај му на тајмингот на твојот живот. Не мораш да имаш постигнато се до одредена возраст..

Верувај му на тајмингот на твојот живот.
Не мораш да имаш постигнато се до одредена возраст, не мораш да го гониш успехот кој не те инспирира. Треба прво да научиш многу за себеси. Мораш да продолжиш да работиш, не само физички туку и емотивно.

Мораш да научиш кој си на фундаментално ниво, мораш да откриеш што цениш длабоко, што ја разбудува твојата душа, што те тера да се разбудиш наутро и што е она кое го избираш во секој нов ден.
Мораш да се исправиш за него. Мораш да се жртвуваш за него, да ризикуваш, и тогаш кога е страшно и тогаш кога е несигурно. Дури и кога си единствениот кој го посакува тоа и немаш никој зад тебе да те поддржи.

Затоа што не постои поголема штета од тоа да се движиш напред кон животот кој не те исполнува и не те усреќува. Нема поента во тоа да правиш се на вистински начин и да завршиш несреќен.
Не – ти не доживуваш неуспех во животот. Не заостануваш назад само затоа што се движиш со различно темпо од оние околу тебе.
Ти не си чуден, нити делузионален ако твоите соништа не изгледаат онака како што општеството ти наредило да сонуваш кога си бил мал.

Ти го создаваш својот живот, го обликуваш со својата страст. Ти растиш во својата иднина.
Немој никогаш да бидеш засрамен поради тоа.




Коментари

[fbcomments]