Категории

Ти си борец за сопствената среќа во рингот на сопствените мисли

Не ни требаат мудрости за среќа, потребна ни е среќа. Многу едноставно!

Чувството на среќа е нешто за кое се испишани најмногу изреки, се поставувани најмногу прашања, се испеани најмногу песни. Реалноста е толку едноставна но понекогаш е толку далечна.
Познатата анегдота на Џон Ленон која зборува за тоа дека кога имал 5 години, неговата мајка му рекла дека среќата е клучот на животот. Кога тргнал во училиште и го прашале што сака да биде кога ќе порасне, напишал дека сака да биде „среќен“. Му рекле дека не ја разбрал задачата, а тој им одговорил дека тие не го разбрале животот.

И покрај тоа што се испишани илјадници совети за тоа како да се биде среќен, понекогаш човек размислува за сето тоа што му недостига. Животот треба да се живее со она што тој го носи, не избегнувајќи ништо. Среќата не е селекција на животот, затоа што ако отфрлите нешто што ве прави несреќни, ќе го отфрлите и самиот живот. Среќата е целокупна лепеза на животото од која го избирате она што го сакате и она што ви одговара.

Среќниот човек е добар човек, нема лоши намери спрема другите. Единствено место каде што среќата живее е срцето. Тоа е просторот на вашите мисли. Какви ти се мислите таков ти е животот – велат луѓето.
Ако во своите мисли оставиш простор за среќата, таа ќе дојде, а ќе оставиш простор за неа така што секојдневно ќе се бориш против негативните мисли, сомнежите, стравовите, потценувањето на себеси и самосожалувањето. Тие сакаат да ти ја одземат. Во животот си борец за сопствената среќа, борец во рингот кој се нарекува твоите мисли. Или те има, или те нема. Ако те има – ќе има и среќа.

Прегледи:
276
Објавено на:
11.05.2020