„Ти си ремек дело!“ – Кукла од Памук

„Има тишини во тебе кои чекаат да ги слушнеш..
Војни кои треба да бидат победени,
краеви кои чекаат да им се приближеш.
Твоето време сеуште не пристигнало
молчи драга, не воздивнувај тажно.
Се сеќаваш ли на цветовите на глуварчињата кои цутат заедно
но ветрот ги разделува на илјада парчиња?
Можеби ти си како нив..
Ќе ти ја распарчат душата,
но на крајот секое парче
ќе го пронајде своето место на земјата..
Некои од нас се родени како слики
а некои како мозаици..
Прво треба да бидат скршени на илјада парчиња
за кога повторно ќе се слопат,
да се претворат во ремек дело.“

Следете за повеќе: https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog/




Коментари

[fbcomments]