Ти си важна! – Немој да го заборавиш тоа

Ако никој не ти го кажал тоа денес, ние ти го кажуваме сега.. Ти си важна!

Твоите мислења се битни. Битен е начинот на кој го гледаш светот, битни се и зборовите кои ги држиш во себе затоа што премногу се плашиш од тоа што другите ќе мислат. Твојот глас е битен.
Твоите чувства се битни. Не се претерани или пресилни или премногу иритантни. Не се нереални, луди или наивни. Тие си ти. Тие се твојата длабочина и емоции, тие се битни.

Твоите мисли се битни, битни се и гласовите во твојата глава. Малите луди нешта кои ти поминуваат во главата пред спиење. Битни се нештата за кои размислуваш во тајност затоа што ти е премногу непријатно да ги кажеш. Твојот ум е битен.
Твоето срце е битно. Битно е она околу што си страствена. Се она што те придвижува е битно, без оглед што друштвото мисли за тоа, или твоите родители или пријатели. Твојата страст, она што те придвижува е битно без оглед за што се работи.
Твоите соништа се битни. Тие не се невозможни, не се детинести, не се неамбициозни, нити за секого. Твојата визија е битна. Битен е начинот на кој сакаш да живееш. Дури и кога твоите соништа се луди, твојата лудост е битна.

Твојот пат е битен. Тргни по патот кој го сакаш, прави го она што го сакаш и во кое уживаш, исфрли ги оние патници кои сметаат дека тој е погрешниот пат. Твојата улица е битна, и твојата насока.
Твоите проблеми се битни. Препреките со кои се соочуваш градејќи ја својата сила. Сите исплакани солзи ќе ги измијат сите негативности. Твоите солзи се битни, дури и твојата темнина е битна.
Твојата среќа е битна. Битни се деталите кои ги откриваш во радоста. Едноставните нешта поради кои се смееш. Битни се миговите кои ти го одземаат здивот. Треба да ги бараш, треба да ги пронајдеш. Твојата насмевка е битна.

Твоето постоење е битно. Тоа не е случајно, тука си затоа што имаш своја приказна и овде си затоа што ќе оставиш трага.
Ти си битна. Секогаш си била и секогаш ќе бидеш.
Можеби го забораваш тоа затоа што си опкружена со луѓе поради кои се чувствуваш како да не си, но ти си доволна и ти си важна се додека тоа го знаеш, ништо друго не е битно.




Коментари

коментари