Категории

Типови на мажи кои жените не можат да ги поднесат

Никој од нас не е идеален, но ако ги прашате жените, мажите поседуваат неколку особини кои ги одбиваат и ги иритираат, па жените тврдат дека не би можеле да се видат себеси покрај таков маж. Погледнете за кои мажи, жените велат дека не можат да ги поднесат..

1.Маж кој ги гледа жените како пластички кукли на дување
Мажи кои гледаат на жените како на објекти, а не како на живи суштества, постојано концентрирани на нивниот физички изглед се првиот тип на мажи кои секоја жена ги презира од дното на душата.

2.Педантен маж со кого не можете да делите ништо
Мажите кои не сакаат да ја делат нити сопствената чаша, слушалки, чешел, или да му се приближите два дена откако сте кивнале се иритантни за секоја жена. Педантноста е доблест, но за се постои граница!

3.Маж кој прави повеќе „селфиња“ отколку манекенка на Инстаграм
Ваков егоцентричен тип би ја одбил секоја жена, без исклучоци!

4.Мажи кои постојано ги допираат
Секоја жена сака блискост кога се работи за нејзиниот партнер, но мажите кои уште во текот на додворувањето се претерано блиски и наоѓаат чудни изговори да ги допираат жените постојано се језиви и претставуваат големо „Не!“

4.Маж „циција“
Мажи кои се стипси и ги трошат своите пари на глупости, но кога е во прашање роденденски подарок на својата партнерка тоа е за нив непотребно фрлање пари, се пречкртани на секоја женска листа.

Прегледи:
596
Објавено на:
18.09.2019