Тивки симптоми на дијабетесот кои треба да ги знаете!

Дијабетесот зазема сѐ повисоко место на листата на болести од кои страда населението. Неговата контрола е многу значајна за здравјето на човекот. Затоа е важно да знаете да ги препознаете знаците кои може да упатуваат на дијабетес и да се консултирате со доктор доколку ги забележите истите.

1. Константна жед

Ако постојано чувствувате жед и покрај течностите кои ги внесувате тогаш треба да помислите на можен дијабетес. Секако, до посетата на докторот избегнувајте засладени пијалаци бидејќи содржат високо ниво на шеќери.

2. Зачестено мокрење

При дијабетес треба да очекуваме зачестено мокрење бидејќи во крвта имаме високо ниво на шеќер и телото се обидува да го ослободи преку урината. Особено ноќните мокрења се изразени.

3. Замор

Заморот е карактеристичен за дијабетес. Храната која ја внесуваме неможе да се разгради за да се добие енергија потребна за клетките затоа што недостасува инсулин.

4. Зголемена потреба за храна

Зголемената потреба за храна е резултат на дијабетесот. Истата причина е како и кај заморот. Иако внесуваме храна, клетките не ја добиваат потребната енергија. Затоа, кај дијабетесот може да забележиме и необјасниво губење во телесна тежина.




Коментари

коментари