Категории

Тоа што твојата душа има лузни не те прави личност која не може да биде сакана

Вистината е таа дека можеш да страдаш, да се бориш со многу невремиња и сепак да биде лисност која е вредна да биде сакана и да се има во нечиј живот. 

Фактот дека страдаш и се бориш во животот не те прави личност која не е доволно добра. Не те прави личност која не може да биде сакана, и не заслужува грижа и внимание. Не те прави премногу чувствителен нити непривлечен. Секој поминува низ тешки времиња, и додека траат овие времиња никој од нас не е лесна личност за да се биде во нејзина близина, и тоа е сосема во ред.

Никој не е секогаш лесна личност, сите понекогаш стануваме премногу тешки дури и за себеси. Понекогаш кажуваме нешта кои не ги мислиме, нешта кои прават другите да се чувствуваат лошо и обесхрабрено, но тоа не не прави помалку човечки суштества од другите.

Вистината е таа дека можеш да страдаш, да се бориш со многу невремиња и сепак да биде лисност која е вредна да биде сакана и да се има во нечиј живот.
Дури и тогаш кога си најмалку совршен, дури и тогаш кога во тебе постојат пукнатини, ја заслужуваш сета утеха и љубезност.