Категории

Тодор Гечевски заминува во кошаркарските легенди!

По повод 70 години од формирањето на кошаркарскиот клуб Работнички, утре во петок на 30-ти септември, на теренот на Спортскиот комплекс ВИП Арена Борис Трајковски славеникот ќе го пречека турскиот Фенербахче на нашиот Перо Антиќ.

Овој натпревар ќе биде запаметен и по тоа што ќе биде последен и проштален за еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња, нашиот Тодор Гечевски, кој после дваесет успешни години на Европските кошаркарски терени ќе ја заврши својата плодна кариера во Македонија на теренот на неговиот последен клуб КК Работнички.

Нашиот Тоше, својата кариера ја започна во далечната 1995 година во К.К.Тиквеш од Кавадарци, за потоа да продолжи, во македонските клубови за Николферт, Работнички и МЗТ Скопје. Најуспешен период му беше во трофејниот К.К.Задар, Хрватска, а исто така имаше успешен настап и во екипите на Хаген, ПАОК и Ер Авелино.

Неговиот кошаркарски пат беше одбележан и со многубројните натпревари во дресот на македонската репрезентација, за која секогаш пружеше пожртвувана и бескомпромисна борба под кошевите, а засекогаш ќе остане пример и за многу генерации за тоа како се бранат боите на својата земја.

q2

Со неа доживеа бројни успеси и многу емотивни моменти, меѓу кои е и големото четврто место на Европското првенство во Литванија, кога нашите кошаркари остварија историски успех.

Прегледи:
791
Категории:
Кошарка · Спорт
Објавено на:
29.09.2016