Категории

Тој никогаш не ви пишува прв но секогаш одговара на вашите пораки – Што значи тоа?

Многу жени се прашуваат што значи тоа што мажот никогаш не им пишува прв, но секогаш радо одговара на нивните пораки.. Што всушност значи тоа?

Еве кои се можните причини:

Не е сигурен во своите чувства
Мажите се доста внимателни со своето срце, особено ако претходно им било скршено. Можеби постои страв, не е сигурен дали можете да му верувате. Не е сигурен во вашата симпатија и чувства спрема него, па ви пушува само кога вие ќе му пишете нему. Навистина во овој случај тој сигурно не знае дека сакате да разговарате.

Пишува со премногу луѓе
Можеби има уште 20 други луѓе со кои четува. Едвај пронаоѓа време да им одговори на сите и затоа не започнува прв конверзација.

Не сака да ве навреди
Всушност тој не сака ништо со вас – дури нити да се допишува. Но тој исто така не сака нити да ве навреди – затоа одговара трпеливо и пристојно. Ова е еден од знаците на маж кој изгубил интерес. Сте пронашле господин на кого му е непријатно на му напише на дама: „Остави ме на мир те молам“

Сака да држи дистанца
Можеби има друга девојка во срцето. Можеби сеуште не одлучил што сака. Во секој случај, не сака да ги брза нештата па ви овозможува вам да го одредите нивниот тек.

Не му се допаѓате толку
Му се допаѓате, интересни му сте и му е пријатно да разговара со вас, но не доволно за да започне разговор. Едноставно одговара на вашите пораки од пристојност.

Едноставно е срамежлив
Сеуште постојат срамежливи мажи кои се плашат да покажат иницијатива.