Токио го добива најголемиот дрвен облакодер во светот! (ФОТО)

Во центарот на Токио почнува изградбата на највисокиот облакодер во светот. Градењето на облакодерот висок 350 метри ќе чини 5.9 милијарди долари. Проектот наречен W350 предвидува 90% од градежниот материјал да се состои од дрво, додека останатиот дел ќе го сочинуваат вкрстените челични греди за зградата да биде отпорна на големата сеизмичка активност во Јапонија.

Оваа градба ќе се издигне на 7о спратови, а во неа ќе се наоѓаат приватни станбени единици, јавни и деловни простории на повеќе спратови, хотел и продавници. Тераси ќе има на сите четири страни на зградата, како и нејзината кровна тераса која ќе биде прикриена со зеленило.

Главната идеја со изградбата на оваа зграда е до 2041. година јапонската престолнина да се трансформира во еколошки град шума. Кога ќе биде завршена, оваа зграда во Јапонија ќе биде највисоката дрвена зграда на светот.




Коментари

коментари