„Том и Џери“ – Како настана најомилениот цртан на сите времиња?

Како настана најпознатиот цртан филм на сите времиња за бескрајната бркотница помеѓу најпознатиот мачор Том и глушецот Џери

Вечната игра на мачорот и глувчето, нашите омилени Том и Џери ги расвеселуваа нашите детски денови. Најпознатите епизоди од овој серијал беа во продукција на Јуџин Дејч, најнаградуваниот илустратор и аниматор кој почина во 95-тата година од својот живот на 16 Април годинава.

Мачорот кој упорно се обидува да го улови глувчето кое постојано му подготвува замки, кучето кое сака да воспостави ред во дворот и сопственичката на која и ги гледаме само влечките и горниот дел од телото се легендарните јунаци на нашето детство. А како всушност настанале тие?

На најавната шпица на анимираниот филм Том и Џери, секогаш можеме да го забележиме името Хана-Барбера. Иако често се мисли дека тоа е една женска личност, всушност се работи за двајца извонредни аниматори – Вилијам Хана и Џозеф Барбера кои ги здружија своите сили и создадоа ликови на кои и ден-денес се сеќаваме со голема носталгија.

Тоа се креаторите и на цртаните за фамилијата Каменковци, Скуби Ду, Луни Тунс, Којотот и брзата птица итрица и многу други.

Но се започна од мачорот и глушецот на чии авантури и денес се сеќаваме.
Џозеф Барбера и Вилијам Хана за прв пат се запознале кога заедно работеле на анимацијата „Мачорот во чизми“. Филмот е направен во 1940 година и бил номинирам за Оскар, иако главни ликови биле мачорот Џаспер и неименуваниот глушец, сето тоа послужило како ‘отскочна даска’ за создавањето на Том и Џери.

Во текот на наредните 20 години, Хана и Барбера соработувале во создавањето на најпознатиот мачор и глушец на сите времиња. Хана бил задолжен за анимацијата додека Барбера ги пишувал приказните.
Кога Том и Џери станале вртоглаво популарни, нивната франжиза била откупена. Тука се појавил и Јуџин ‘Џин’ Дејч кој продуцирал 13 епизоди на Том и Џери кои настанале во текот на 1961 и 1962 година.

Кога компанијата MGM ја откупила франшизата за Том и Џери, го контактирала европското аниматорско студио Рембранд Филм, а улогата на продуцент била доделена токму на Џин Дејч.

Самиот напишал голем број сценарија за тие 13 епизоди, а воедно осмислил и бројни звучни ефекти со помош на Тод Докстадер. Иако без сомнение во анимираниот филм се прикажуваат доста епизоди со насилство, Дејч изјавил дека гледачите не го сфаќаат сето тоа сериозно и се поистоветуваат со двата лика, а неретко сите навивале за Том.

Бидејќи европското студио имало значително помалку сретства отколку холивудското, анимацијата била заменета со многу поедноставна илустрација и ограничено движење иако сето тоа не било намератана Дејч.
Откако тој ги завршил 13-те епизоди, Џо Вогел кој бил на чело на продукцијата и го одобрил договорот за понатамошна соработка со Дејч, новото водство не го одобрило договорот со него. Така последната епизода во продукција на Дејч била прикажана на 21 декември 1962 год.




Коментари

[fbcomments]