Категории

Том и Џери во нови незгоди – Во 2021 пристигнува премиерата на филмот

На сите омилени и добро познати, мачорот Том и глушецот Џери живеат во иста куќа и се обидуваат да се надмудрат еден со друг, веќе 80 години. Таа своја традиција ќе ја продолжат и во новиот филм чија премиера во кината е закажана за 2021 година.

Мачорот Том и глушецот Џери ќе ги продолжат своите лудории во новиот филм „Tom&Jerry“. Приказната за овој цртан филм засекогаш завршува речиси исто, бесниот мачор вришти од болка додека уште една завера се врти против него, а глушецот задоволно се смее во некој ќош.

Иако насловните ликови се анимирани во слични стилови, новиот филм се разликува од традицијата со живи глумци и сценографија од реалниот свет.

Клои Грејс Морек глуми организатор на венчавки во еден хотел и очекува глушецот Џери да се иссели од хотелот во кој ќе се одржи венчавката.

Сценариото за филмот го напиша Кевин Костело и е засновано на класичните ликови на Џозеф Барбера и Вилијам Хана. Во филмот глумат и Мајкл Пен, Роб Дилан, Колин Џост и Кен Џеонг, а режисер е Тим Стор.

Прегледи:
1210
Објавено на:
20.11.2020